Хрватска и Турција планираат да им удрат вето на Финска и Шведска за влез во НАТО

Прочитај за: < 1 минута

Западните земји се исклучително заинтересирани да ги примат Финска и Шведска како нови членки на НАТО, откако овие две традиционално неутрални држави се најдоа под закана на Русија. Иако со децении Финците и Швеѓаните строго се држат до принципите на неутралност, сега се чини дека сите политички движења во овие земји се расположени да ја напуштат оваа политика.

Но, изгледа дека работата нема да оди така лесно. Во Хрватска, претседателот Зоран Милановиќ најави дека ќе се спротистави на приемот на Финска. Милановиќ бара отстапки од западните земји во врска со положбата на Хрватите во Босна. Босанските Хрвати одамна бараат да добијат своја територија во Босна. Новинарите го прашаа Милановиќ за, како што рекоа, шокот што им го предизвикал во Брисел со најавената блокада за Финска.

И ние сме во шок. Со сета должна почит, се однесуваат кон нас како да сме во Арапската лига, а не како да сме членка на НАТО и на ЕУ. Во шок сме што секогаш кога ќе ја покренеме оваа тема, не опструираат. Јас сум во шок од однесувањето на владата, изјави Милановиќ, кој не добива поддршка од хрватската Влада за ова барање.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, ги обвини Финска и Шведска дека кријат терористички организации, кои дејствуваат од нивна територија. Ердоган мисли на курдските групи и на организацијата ФЕТО на Фејтула Гулен. Турците честопати бараат од странски држави да ги екстрадираат активистите на Гулен, но Шведска и Финска не соработуваат со нив.

Грешка беше што ја примивме и Грција. Ние нема да ја повториме таа грешка, изјави Ердоган. Грција е една од главните поддржувачки на курдските терористички групи.

SHARE