Фудбалерите ќе добијат неверојатна премија од ФФМ ако ја победат Португалија

Прочитај за: < 1 минута

Фудбалската федерација на Македонија ќе ги награди репрезентативците со премија во висина од околу 4,5 милиони евра во случај да обезбедат пласман на Светското првенство 2022.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва од 20:45 часот во Порто ќе го почнат финалниот дуел од плејофот за пласман на Мундијалот во Катар. Противник ќе им биде Португалија која важи за апсолутен фаворит.

Претходно, премија во висина од 500 илјади евра на фудбалерите им вети премиерот Димитар Ковачевски.

SHARE