
Како што велат од таборот на Беласица, при самото пристигнување на струмичани на стадионот на Фортуна во скопската населба Сингелиќ, на кој што требаше да се одигра денеска мечот со Пехчево, фудбалерите и тренерот биле дочекани со тупаници.
Имало и закани со огнено оружје, а тренерот Гуцев е пренесен во болница. Напаѓачите се неидентификувани лица кои биле на стадионот.
„Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!
Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!“, се вели во објавата на Фејсбук на фудбалскиот клуб Беласица.