Фокус: Николовски – ДУИ и во 2001 година беше зелена партија, стартуваа од планините

Прочитај за: < 1 минута

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска при посета на Ѓорче Петров на средби со граѓани, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, рече дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки, како и дека ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001 година како зелена партија од горите и планините на Македонија, објави Фокус.

-Очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти кои што не поминуваат кај гласачите, вели Николоски.

SHARE