Филип Петровски доживеа дебакл со собирањето потписи

crvena linija
Прочитај за: < 1 минута

Вчера Генералот Стојанче Ангелов, кој е дел од владеачкото мнозинство, на Твитер објави дека за Филип Петровски се потпишале точно 1367 луѓе.

Ангелов и Петровски во изминатиот период имаа повеќе дебати на медиумите, во кои генералот му предочи на Петровски дека нема да успее во својата намера.

Филип Петровски во изминатата година, по изборот на Мицкоски за Претседател на најголемата опозициска партија, во многу наврати убедуваше дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е со него, а Мицкоски е наметнат претседател.

Овие негови тврдења ги поткрепуваше со некакви свои интерни анкети. Дали после овој своевиден дебакл ќе се извини на членството и на Претседателот на ВМРО или ќе продолжи со својата лична борба, ќе видиме.

Во секој случај, останува впечатокот дека Петровски толку и тежи на Македонската политичка сцена, околу 1000 гласови, бидејќи и на изборите во 2011 година, кога тој го напушти ВМРО-ДПМНЕ и формираше своја партија “Демократска Десница”, освои околу илјада гласови. ( Извор – Балкан.мк )

SHARE