Филипче: Рано е уште сега да се каже дали за Рамазан ќе има полициски час

Прочитај за: < 1 минута

Месец Рамазан се приближува. На 13 април верниците муслимани ќе почнат да постат. Минатата година овој месец помина со полициски час. Иако е традиција за ифтар – вечера да се поканат гости или да се отиде некаде, граѓаните поради ситуацијата со корона вирусот лани немаа таква можност. Но, дали ќе се случи истото и годинава? Дали ќе се воведе полициски час за да се спречи собирањето на граѓаните во домовите? Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека рано е да се предвиди такво нешто.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE