Филипче за оставката: Не сум венчан за функцијата!

Прочитај за: < 1 минута

Откако премиерот Зоран Заев истакна дека министерот за здравство одлично ја менаџирал корона-криза и дека сега не е време за негова оставка, Венко Филипче смета дека е заменлив, како и секој друг функционер кој е на функција.

– Секој од нас е заменлив. Никој не е венчан за функцијата. Тоа е мојот став во однос на се – рече Филипче.

Тој одби да коментира било што поврзано со изгорената тетовска модуларна болница, во која загинаа 14 пациенти кои беа на лекување. Посочи дека Обвинителството и истражните органи треба да ги дадат сите информации, по што, ќе биде отворен и тој да зборува за сè.

– Дозволете да не коментирам со оглед на тоа што има истрага. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба – рече Филипче.

Истрагата трае веќе петнаесет дена, засега нема информации што е откриено, како дошло до тоа болницата да се запали и да изгори. На неа работи Основното јавно обвинителство, додека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја проверува документацијата и начинот на набавка на сите модуларни болници.

SHARE