Уште еден родител сведочи за скандалот со извидниците: Го терале син ми да си го бои пенисот

Прочитај за: < 1 минута

Се повеќе родители во полициска станица го пријавуваат скандалозниот камп за сексуална едукација каде имало активности после кои децата побарале психолошка помош.

Кампот бил организиран од Прв скопски извиднички одред од каде вчера во соопштение не негираа дека активностите се случувале но рекоа дека истите се ,,сфатени надвор од контекст”.

-Нас како родители само усно ни беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше се освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и се што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата, рече меѓу другото мајката во изјавата.

Извор: Слободен печат

SHARE