
Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски утрово е приведен откако за тоа налог издало Основното јавно обвинителство, брифираат извори оттаму за „Скопје 1”.
Неофицијално, тој е приведен поради опасност од бегство, за него се бара мерка привор. Јакимовски е опфатен во два претмети на обвинителствата а се гони за злоупотреба на службена положба и овластувања.
Потврда за ова нема, а детали се очекуваат наскоро. Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе биде испитан.