
Жителка на Тексас е уапсена под сомневање за изборна измама, незаконско гласање и незаконско помагање на луѓето да гласаат по пошта, како и за незаконско поседување службено гласачко ливче, објавија дел од американските медиуми.
Случајот беше откриен минатата есен од страна на проектот Веритас кој објави видео снимка од 26 годишната Рејчел Родригез додека се занимава со собирање гласови пред изборите во 2020 година.
Одделот за изборни измами на Канцеларијата на јавниот обвинител прегледа десетици часови немонтирани, необработени снимки, што доведе до ова апсење.
Родригез на видео сниката признава дека тоа што го прави е незаконски и дека поради тоа може да оди во затвор. Доколку биде прогласена за виновна, Родригез може да се соочи со казна затвор до 20 години.