Трудо и Бајден подготвуваат полициска акција против камионџиите

Прочитај за: 2 минути

Канадскиот премиер Џастин Трудо и властите во државата Онтарио прогласија вонредна состојба и се подготвуваат да го разбијат протестот на камионџиите кои блокираат клучен мост што ги поврзува Канада и САД.

Камионџиите протестираат веќе со недели, и бараат укинување на, според нив, претераните рестрикции што Владата на Трудо ги воведе за да се спречи ширењето на корона вирусот. Демонстрантите досега го блокираа главниот град Канада, но веќе четири дена нивна цел е и мостот Амбасадор, кој ги поврзува Торонто и Детроит. Над една четвртина од целата трговска размена меѓу САД и Канада минува преку овој стратешки важен мост. Мостот е особено важен за преостанатата автомобилска индустрија во Детроит, која користи делови произведени во Канада.

Трудо вчера имаше телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден, по што обвини американски десничарски групи дека ги поддржуваат канадските камионџии во нивните протести. Групите демонстранти кои го блокираат мостот користат камиони кои нема да биде лесно да се отстранат, а меѓу нив има и деца. Двајцата лидери се согласија дека постапките на поединци кои го попречуваат патувањето и трговијата меѓу нашите две земји сериозно им штетат на животите на нашите граѓани, пишува во заедничкото соопштение на Бајден и Трудо, по што Трудо изјави дека „сите мерки се можни“, најавувајќи полициска акција против демонстрантите.

Од денес, канадските власти имаат законско овластување да ги отстранат демонстрантите кај мостот. И градските власти на Отава исто така бараат поддршка од Владата да ги расчистат улиците.

Протестите веќе доведоа до ублажување на корона мерките во по-конзервативните области на Канада како што се Канада, Саскачеван и Манитоба. Реакцијата во урбаните области околу Големите Езера, кои се политички поблиски до Трудо, е поделена – со повици за отстранување на демонстрантите, но и изрази на поддршка.