Трајанов: „Сито и метла“ за вработените во службите, обвинителствто и судот

Прочитај за: < 1 минута

Две работи треба, сито – да поминат сите вработени во службите, во обвинителството , во судот и метла. Сито и метла. Реформите треба да продолжат, изјави пратеникот Павле Трајанов во Топ тема на Телма.

„Имаме ние некаква конституција на целокупниот систем за безбедност. Мислам дека има и законски недоследности околу тоа кој да ги координира, кој да ги собира информациите, како да дава насоки на државниот врв, да постапува во критични ситуации“, изјави Трајанов.

Во однос на профилот на идниот директор на АНБ, Трајанов оцени дека директорот треба да потекнува од внатре, од службата.

„Да биде искусен чесен, значи докажан професионалец и да биде отпорен на политички влијанија. Ако биде таков директор, тогаш треба да бидеме сигурни дека ќе води сметка и за интегритетот и суверенитетот на државата, но и за граѓаните, ќе ги штити нивните права и слободи“, изјави Трајанов во вчерашната „Топ тема“.