Трајанов: Секој што ја прекршил процедурата за регистрирање на бугарските клубови треба да одговара

Прочитај за: < 1 минута

Според пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз, регистрацијата на здруженија кои носат имиња на докажани фашисти е на штета на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Тој во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 посочи дека мора да има одговорност за институциите кои овозможиле да се формираат здруженија со имиња на фашисти.

Ако некој донел решение за регистрација, а не ја почитувал процедурата, треба да сноси одговорност. Најмалку треба да одговара тој што е директор, тој што раководи со таа институција. Треба да биде сменет. Нема оправдувања. Секој што ја крши процедурата, треба да понесе и политичка и други вид одговорност, вели Трајанов.