Трајанов: Влезот на Алијанса во Влада негативно би се рефлектирало на меѓуетничките состојби

Прочитај за: < 1 минута

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 порача дека со влезот на Алијанса за Албанците во Владата може да се наруши етничкиот баланс во Влада.

Според него, тоа би рефлектирало негативно на меѓуетничките состојби во државата.

„Можно е наместо да го дефинираат или забрзаат евроинтеграцискиот процес, да се усложат работите“, вели Трајанов.