
На само 21 година, во трагична несреќа, животот го загуби фудбалерот на Новаци, Стефан Петровски – Паше.
Трагичната вест ја потврди фудбалскиот клуб Новаци преку социјалните мрежи, објавувајќи дека Петровски го загубил животот во трагичен настан.
Во својата кратка кариера популарниот Паше настапуваше за Новаци, па клубот изрази огромно жалење за оваа голема трагедија. Покрај Новаци во минатото Петровски беше дел од Академија Пандев и Пелистер.
Шок за семејството и пријателите на популарниот Паше, но шок и за фудбалска Македонија ако се знае дека се загуби еден исклучително талентиран фудбалер.
Петровски, кој настапуваше и за Пелистер, беше цел изминатиов период и на неколку домашни прволигаши, а беше скаутиран и од ФК Академија Пандев. Се одлучи да остане во Новаци иако е јасно дека пред него беше извесна далеку побогата кариера.