Топол пречек за нашите олимпијци со „Напред Македонија!“

Прочитај за: < 1 минута

Шест од вкупно осум македонски спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија во Токио, се веќе на местото на настанот, каде ќе се одржува најголемата спортска манифестација во светот, одложена од минатото за ова лето поради пандемијата.

Сместени се во градот Чигасаки, кој се наоѓа на 50 км од Токио и добија топло и убаво добредојде. Домаќините се потрудиле и направиле симпатично видео во кое главната порака е „Напред Македонија“.

„Се надевам дека ќе го продолжиме пријателството и во иднина. Се радувам на посетата на македонскиот народ на Чигасаки. Граѓаните на Чигасаки и јас лично ќе навиваме за македонските олимпијци. Напред Македонија“, порача градоначалникот на Чигасаки, Хикару Сато.

Успешен настап на олимпијците под македонското знаме им посакаа и заменикот градоначалник на Чигасаки, Коџи Киши, претседателот на локалниот Организациски комитет Хироши Ишида, како и обични луѓе.

Македонската олимписка експедиција зброи осум спортисти кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини, а отворањето е на 23 јули.

 

SHARE