Тасевски: Сите да се кренеме против бугарските шовинистички пропаганди, мора на почеток да му се стапне на главата на фашизмот

Прочитај за: < 1 минута

Не знам, можеби треба сите Македонци заедно, академијата, партиите, здруженијата да се кренеме против бугарските шовинистички пропаганди кај нас, кои ги шират разни бугарашки портали, медиуми, фондации и оние таканаречени клубови, па дури и оној ѓаол од владика.

Тие се многу опасни. Финансирани од надвор
Нема ништо поопасно од петтата колона за разбивање на една држава.
Затоа во титова Југославија односот кон овие непријателски сили беше најбрутален.
Тие многу добро знаеа од каде доаѓа најголемата опасност.

Апелирам до безбедносните структури на оваа држава, до обвинителството и судството, ако во нив има останато по некој патриот и антифашисти, веднаш да тргне во прогон на оваа петта колона и нејзините структури: клубови, здруженија, портали, медиуми, поединци.

Сериозна е работата. Нивното постоење не само што е опасност за безбедноста и слободата на говор на Македонците, туку тие се опасност и по безбедноста на целиот регион и пошироко.

Мора на почеток да му се стапне на главата на фашизмот кој полека метастазира на европското тло.
(фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски)