Тасевски до опозицијата: Го немате ли ова во програмата, не барајте глас од мене!

Прочитај за: 2 минути

И ви велам…

Знам дека нема да умрам ко пристоен ситуиран човек кој до последен ден ќе размислува каде на скијање зимава и во кој ресторан уште не сме ручале.

Знам на моите деца нема да им обезбедам ништо.

Ако имаат среќа ќе се снајдат сами, ако не, ќе преживуваат од први до први…

Знам дека 30 години живеевме во лаги за плати од две илјади евра, за пристоен живот.

Добивме мувлосан компир.

Идат избори, за година две…

Предавничката СДС моја рака повеќе не ја заокружува на гласачкото ливче. Еднаш се заебав. Никогаш повеќе.

За наредните избори немам многу желби.

Подобар живот ниту една од вас партиите нема да ми даде. Она да размислувам за скијање во Валдизер.

Овде ќе се тепаме да купиме леб. Ќе биде скап и ќе го нема.

Коли одамна не возиме. Ќе не убие инфлација

Затоа не трошете пари за дебели програми и празни ветувања.

Барам само едно.

На еден лист само напишете:

Ветуваме дека ќе го искинеме шовинистичкиот бугарски договор кој стана европски. Ветуваме ќе го искинеме во првите сто дена.

Ветуваме дека ќе го искинеме и Договорот со Грција во кој не се признава нашето античко наследство и нашиот народ во Грција. И името ќе го вратиме Р. МАКЕДОНИЈА

Ветуваме дека кривично ќе ги гониме сите кои учествуваа во нивното потпишување. Ќе ги гониме за велепредавство.

Ветуваме дека ќе тргнеме во прогон на сите предавници и петтата колона која работи за странски соседни држави.

Во првите сто дена ќе ги затвориме сите бугарашки клубови кои носат имиња на соработници на Адолф Хитлер.

Ветете го само ова во вашата програма и ќе гласам за вас, кои и да сте. И очекувам да го исполните.

Го немате ли ова во програмата, не барајте глас од мене.

Или вратете им ја државава на Македонците или кажете ни отворено дека немате таква намера, за да се спремаме за срањето што ќе следи.

Па секој со среќата.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)