Тасевски до Заев: Прибери се, доста глумиш кловн во Софија!

Прочитај за: < 1 минута

Актерот Сашо Тасевски кој го поддржуваше доаѓањето на власт на актуелната власт го критикува премиерот Заев за неговата политика кон Бугарија.

Тасевски не може да разбере зошто Заев не зборува ништо за Македонците во Бугарија а ги брани Бугарите во Македонија.

„А бре Зајко Кокорајко, тебе ни магарица не те прди.
Стигна за правата на Бугарите во Македонија да збориш?
До кога бе ќе изигруваш кловн?
Едно комбе Бугари има овде, а сакаш како малцинство да ги третираш.
И онака ги имаат истите права ко и сите други.
Гледај што е со Македонците во Бугарија. Немаат право да се формираат македонски здруженија, ги негираат дека постојат со децении.
Имаш пресуди од европските судови во корист на Македонците таму. Бугарија ништо не презема да постапи по пресудата.
И ти се загрижи за две лопати Бугари во Македонија, кои никој не ги спречува да се изјаснат како Бугари. Дури и нивна партија си имаат. Беа на изборите. Додуша никој не гласаше за нив, освен нивните домашни заедно со мачките и папагалите. Тоа е уште еден доказ колку Бугари има кај нас.
Ајде бе прибери се, доста глумиш дворска будала на Софија”, напиша Тасевски на Фејсбук.

Засега нема одговор од Заев или од неговиот кабинет.

SHARE