Тасевски: Ако Финска се обиде да влезе во НАТО и Западот дојде на 200 километери од Санкт Петерсбург, ќе заврши како Украина

Прочитај за: 2 минути

Не е возможно Путин да дозволи Финска, која е на само 200 километри од неговиот роден град Санкт Петерсбург, да влезе во НАТО, вели актерот Сашо Тасевски. Според него, обидите на западните земји да ги внесат Финска и Шведска во НАТО се нов обид да се испровоцира Русија, и ќе доведат само до поголема војна.

Дегенерициве ја буцкаат Финска што побрзо да влезе во НАТО.
Па ист одговор ќе добијат од Путин ко во Украина.
Па родниот град на Путин, Санкт Петерсбург е на 200 км од Финска. Нема шанси тој да дозволи НАТО база на таа дистанца. Нема шанси. Го предизвикуваат да влезе во војна со НАТО.
Дали се нормални?
Што сакаат бе?
Па Борис Џонсон и ЕУ нешо се топорат ќе ја бранеле Финска.
Вода у очи немаат, а од септември буквално ќе немаат леб да јадат, ни да се греат
Се гледа дека се тотално под волјата на САД. Не знаат каде тераат.
А вака како тргнале го тераат Путин да ги замава со нуклеарките. И ќе ги замава, колку и да нејќе војна со НАТО.
И ова им го порачува отворено. И пак не го слушаат.
Кога успеаа вака да се дебилизираат европските политички елити до степен свесно да се самоубијат, заедно со своите народи.
Каква декаденција и пораз на сите вредности.
Читам некои израелски аналитичари, некои бивши шефови во разузнавањето. Едногласни се: ЕУ многу брзо ќе се распадне!!!
И кажуваат зошто.
И натаму оди целава работа. Ама апла
ЕУ е неодржлива како систем.
Нашиве треба сериозно да седнат и да размислат како понатаму. Ама не да си кажуваат пропагандни ЕУ и НАТО слогани, туку да и погледнат на вистината во лице.
Ова нема да заврши добро
Наместо да кренат рачна, да му дадат шанса на Путин побрзо да заврши со војната, тие го притискаат до ѕид. Финска и Шведска одма да влегле во НАТО???
Лудаци.
Немам друг збор како да ги опишам.
А се знае кој стои зад нивното лудило, пишува Тасевски во својот коментар.