Таравари: Најголемите македонски политички партии ветија дека албанскиот јазик ќе влезе во Уставот

Прочитај за: < 1 минута

Најголемите македонски политички партии рекоа дека не би им пречело доколку од Уставот се отстрани „јазикот што го зборува 20 отсто од населението“ и да се вметне албанскиот јазик. Ова е момент да ги тестираме нашите сограѓани Македонци дали се воопшто подготвени албанскиот јазик да се дефинира онака како што заслужува.

Ова во интервју за „Њуз 24 Албанија“ го истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, а целиот текст го пренесе порталот „Тетова сот“ со наслов: „Таравари: Време е е да ги тестираме Македонците дали се за вметнување на албанскиот јазик во Уставот“.

Тој посочи дека токму неговата партија покренала иницијатива за ставање на албанскиот јазик во Уставот.

– За да се изгласаат уставните измени потребни се две третини од 120-те пратеници во Собранието. Во моментов мнозинството има 64 гласа, додека 8 пратеници на Алијансата за Албанците иако се во опозиција ќе гласаат за уставните измени – рече Таравари.

Според него, иако Албанија и Македонија се блиску до почетокот на членството во Европската Унија, доколку не се изгласаат уставните измени, Македонија ќе биде одвоена од Албанија во однос на почетокот на разговорите за членство во ЕУ.

– Доколку не се изгласаат уставните измени, практично Македонија ќе се одвои од Албанија, а Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а Македонија ќе остане во наредниот период – изјави Таравари.