Столтенберг не е сигурен дека НАТО може да ја убеди Турција да попушти за Финска и Шведска

Прочитај за: < 1 минута

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека не може со сигурност да каже кога Шведска и Финска ќе станат полноправни членки на алијансата, затоа што не е сигурен дали овој воен сојуз ќе успее да ја убеди Турција да се премисли.

На прашањето дали има впечаток дека целата алијанса е сега заложник на Турција, Столтенберг одговори:

„Имаме систем заснован на консензус и така се носат одлуките во НАТО. Секогаш е така, една или неколку членки не се согласуваат со нешто и потоа тоа го надминуваме“, рече Столтенберг.

 

SHARE