Според СДСМ: За три години платите пораснале за 4.500 денари

Прочитај за: < 1 минута

Од СДСМ се пофалија дека за три години платите скокнале за 4.500 денари.

Велат дека во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари, до декември 2020 година кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, има раст на платите за 18,63 отсто, објави Фактор.мк.

„Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари. Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари“, додвааат од партијата.

Со растот на просечната плата да расте и минималната плата, бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

ССМ соопшти дека се залага минималната плата да порасне на 60 отсто од просечната плата затоа што е тоа европска тенденција и случај во сите европски држави. Објаснуваат дека и денес, како и кога  почнале да ја пресметуваат синдикалната минимална кошничка, податоците се исти –  просечната плата во земјава покрива околу 70 проценти од синдикалната минимална кошничка.

 

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE