Со солидна организација, дисциплина и строго почитување на мерките за превенција и заштита успешно се справивме со Ковид -19

Прочитај за: 6 минути

Д-р Салија Љатиф Петрушовска, доктор по стоматологија, три и пол години откако беше назначена за директорка на Jавната здравствена установа Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ – Скопје зборува за предизвиците за тоа како е да се раководи една ваква многу важна институција во која се сместени голем број од нашите најмили.

Како се справивте со Ковид пандемијата? Што се` презедовте за заштита на вашите пациенти и како успеавте да немате негативни резултати и покрај огромниот притисок што вирусот го правеше на сите полиња и институции? Кај вас чинам помина стабилно.

  • Нашата установа е единствена јавна здравствена установа во државата која спроведува здравствени услуги од областа на геријатриската и палијативната здравствена заштита. Во 2018 година, се трансформира од Геронтолошки завод во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември”-Скопје. Во рамки на установата , функционираат 4 објекти и тоа: оддел Геријатрија, оддел за палијативна грижа Сју Рајдер- Скопје и оддел за палијативна грижа Сју Рајдер – Битола и домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани. За работа со надворешни пациенти, функционира и специјалистичко/консултативната дејност, заедно со дневна болница и домашна посета. Во рамки на трите болнички оддели, установата има сместувачки капацитет за 330 пациенти. Во установата се вработени високо специјализиран медицински кадар и тоа: лекари специјалисти по интерна медицина, невролог, психијатар, физијатар, дерматолог, клиничка биохемија и клинички фармацевт. Покрај кадровската екипираност со доктори специјалисти, вработени се и средно медицински кадар и тоа: медицински сестри, физиотерапевти, лаборанти, негователки… Останати вработени се течничка и помошно-техничка служба и администрација. Во однос на Ковид пандемијата ,морам да признаам успешно и многу храбро се справуваме со истата, како установа која работи со едни од најранливите пациенти. Успешноста и добриот менаџмент со кризата се должи на: солидна организација, работна дисциплина и строго препорачување на мерките за превенција и заштита од пренесување на инфекцијата. Ние како држава во суштина имавме можеби мала среќа, учејќи од искуството на државите во светот кај кои веќе се појави Ковид 19. Во тој контекст , соработувавме и читавме искуства за справување од институции за долготраен престој како нашата болница. Исто така, од страна на СЗО, беше изработен Водич за имплементирање за установи за долготраен престој -како да се справат со превенција и ширење на инфекцијата во установата. Од страна на Министерството за здравство и Институтот за Јавно Здравје добивавме редовни и нови информации односно алгоритми за следење врзани со КОВИД болеста и нејзино ширење . Во рамки на Болницата , функционира и редовно заседава комисијата за интрахоспитални инфекции, во проширен состав (раководното тело и директорот ) .Истата има за задача следење на имплементација на спроведените мерки за превенција и ширење на инфекцијата и нејзино рано сузбивање, едукација на персоналот, скрининг на вработените и во соработка со МАНУ тестирање на сите суспектни пациенти. Комисијата доставува редовен извештај до ресорните институции : Институт за јавно здравје,Центар за јавно здравје Скопје и Битола и Државен здравствен санитарен инспекторат/ДСЗИ .

Во делот на нови приеми , на почетокот во рамки на одделот Сју Рајдер Скопје а сега во објектот Геријатрија заради новонастанатата ситуација, ја реорганизиравме организационата единица (еден дел-одделение)во тријажен центар.Тоа значи дека пациентот кој е нов прием се донесува по претходна земена епидемиолошка анкета од страна на одговорно лице од специјалистичко/консултативна амбуланта и негативен тест за КОВИД 19. Понатаму, при прием се хоспитализира во тријажен центар, чија состојба се мониторира во траење од 10 до 14 дена и повторно се тестира.Доколку пациентот е негативен се префрлува во чиста зона односно зелена зона, доколку е позитивен и има индикација за третман во наша установа , се сместува во посебно одделение кое е одделено од останатите .Истиот принцип на прием се спроведува и во објектот во Битола и во објектот Мајка Тереза во Злокуќани.

Во месец август 2020 година, се појави првиот поголем кластер на заболени пациенти, во рамки на едно одделение во Геријатрија.По направениот скрининг , се утврди дека влезот на инфекцијата е од страна на вработен кој бил асимтоматски .Истиот веднаш е изолиран од работниот процес и болницата превзема низа на мерки за спречување на ширење на инфекцијата.Од вкупно 30 тина пациенти , заболеле половина . Сите лекувани пациенти во нашата установа, преживеале и се во добра општа состојба .

Во месец октомври , започна вториот бран, во која заболеле повеќе пациенти (над 100 лица )и вработени.

Сметам дека , тој период беше најголем предизвик на установата во справување со КОВИД пандемијата.Навистина беше голем предизвик во смисла на реорганизација на работата (заради намален број на персонал),обезбедување на доволно ЛЗО и средства за дезинфекција, секако и финансискиот момент заради поинаквиот начин на финансирање на нашата болница.Според првичните анализи , во тек е и научно исѕтражувачка работата, пациентите сместени во нашата установа , поголемиот дел го прележале вирусот без поголеми последици,мал дел завршиле со смртен исход /тие лице починале првично заради основната болест. За жал, имавме еден смртен исход на наша вработена/медицинска  сестра ,  која починала како резултат на компликации предизвикани од КОВИД 19.

Кои мерки на претпазливост сега ги практикувате за пациентите и вработените? Како ќе продолжите понатаму?

– Во сила се сеуште првичните мерки за превенција од влез на инфекцијата и нејзино ширење а тоа подразбира: забрана за посети, редовна хигиена на простории,носење на лична заштитна опрема соодветно на зоната на работа (зелена,жолта и црвена),редовна едукација и евалуација и мониторинг на спроведените мерки за која е задолжена комисијата за интрахоспитални инфекции.

Она кое сите со нетрпение го очекуваме се вакцините против КОВИД 19 , нашата установа спаѓа во високоризична категорија и веруваме дека ќе бидеме во приоритетите на владата односно Министерството за здравство.

Колку пациенти имате во просек месечно и годишно? Колку е тешко или лесно да се раководи една ваква голема институција каде што пациентите бараат посебна нега и грижа?

– Како што спомнав и на самиот почеток, бидејќи сме единствена институција од таков тип во државата, предизвик е да се биде директор на истата. Побарувачката е голема, додека сместувачките капацитети  се мали и ограничени. Се трудиме да излегуваме на нашите пациенти во пресрет нудејќи здравствени услуги покрај стационарните кои се однесуваат за многу болни лица и услуги преку специјалистичко/консултативните амбуланти каде се спроведува специјалистички услуги по: интерна медицина, неврологија,психијатрија, дерматовенерологија и дијагностика и тоа: ехо дијагностика на срце, абдомен, уринарен тракт, тироидеа. Понатаму дијагностика како доплер на каротиди, дензитомертија, холтер… Во рамки на амбулантите, функционира и палијативната амбуланта која нуди здравствени услуги за терминално болни пациенти. Во рамки на установата функционира и Биохемиска лабораторија и физикална и медицинска рехабилитација.

Од кого се имате помош, институции државни или некој од приватниот сектор кога е во прашање подобрување на условите на пациентите и задоволување на нивните потреби? Што може да се направи во иднина на оваа тема?

– Установата се финансира поинаку за разлика од останатите ЈЗУ, затоа сме институција за долготраен престој. Пациентите за нега, исхрана плаќаат од сопствени средства додека за медицински интервенции плаќаат само партиципација, за која ние фактурираме кон ФЗОМ.

Оваа година, за жал имавме голем предизвик во однос на финансиите заради намален сместувачки капацитет /поради протокол а не заради намален интерес, зголемена потрошувачка на ЛЗО и средства за дезинфекција, додатоци за дежурства и сл. Но, благодарение на поддршката од ресурните институции а особено од општестено одговорни фирми и амбасади кои ни дале голема поддршка во набавка на ЛЗО,средства за дезинфекција, мебел и медицинска опрема. На сите нив им исксажувам голема благодарност и истите допринеле во поддршка на установата за да функционира констинуирано.

 

Со каков кадар располагате и дали имате недостаток на медицински кадар што е општ тренд во нашиот здравствен систем?

– Погоре веќе спомнав со каков кадар располагаме. Она што сакам да го потенцирам  е интересот за прераснување на установата во наставно/научна база како единствен геријатриски и палијативен центар во установата. Во моментот имаме 1 доктор на науки, во тек се уште 2 колешки кои се при крај со нивните докторати. Во целост ги исполнуваме условите и во 2020 година направен е првиот чекор: во соработка со УКИМ Медицински факултет , званично сме прогласени  за наставна база. Во установата редовно доаѓаат на феријална пракса студенти по медицина , медицински сестри, лаборанти физиотерапевти и негователки  .

 

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE