Советник на Левица пријавен за заплашување на „бугари“: Пак ли ќе не затвараат поради МАКЕДОНСТВУВАЊЕ?

Прочитај за: < 1 минута

Виктор Стојанов, еден од водачите за бугаризација на Македонија и македонскиот народ како претседател на фондацијата ,,Македонија” поднел пријава против мене, за заплашување на ,,бугари” до Министерството за Надворешни Работи, поточно до Бујар Османи, со цел преку ЈО на РМ да се отпочне постапката за цензура како и да се поднесе кривична пријава

Основата за оваа пријава му е мој пост од пред 20-тина денови, кога лично го изнесов моето мислење и противење за отварање на бугарски клуб ,,Цар Фердинанд” во Богданци.

Имено, во тој пост наведов дека ,,Сѐ што е фашистичко, ќе гори.”

Останувам на ставот ,,Смрт на фашизмот, слобода на народот” .

Како прво, овој бугарски цар нема никаква допирна точка со историјата на мојата општина Богданци.

Од таму сметам дека оваа провокација но со цел – бугаризација на Македонија и Богданци треба да се спречи.

Методи за тоа има повеќе и во периодот што следи ќе ги соопштиме.

Народе мој, бугаризација пред очи ни се случува, но ние не смееме да дозволиме, тоа го должиме на нашите деца и нашите предци.

Да живее Богданци, да живее Македонија!

ПС. Ако треба и затварајте не, ќе лежиме, ама фашизмот ќе умре

(фејсбук статус на Михаил Тодоров советник на Левица од Богданци)