Се полни и модуларната болница при Инфективната клиника

Прочитај за: < 1 минута

Вакцинацијата на здравствените работници се префлра во Здравствениот дом Скопје, бидејќи модуларната болница при Инфективната клиника почнува да прима пациенти од ковид-19, изјави вечерва министерот за здраство Венко Филипче. Ситуацијата се следи, а добра вест е што изминативе месеци, преку изградба на модуларни болници низ земјава, се добиени колу 10 илјади метри квадратни за нови болнички капацитети.

„Со оглед на тоа што Инфективната клиника целосно се исполни, еве ќе започне со работа повторно и модуларната болница. Веќе е подготвен кадарот, којшто сега, исто како во месец ноември, работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделенија. Обновена е онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на МРТ.

Тој посочи дека вакцинацијата од утре ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје, кадешто ќе се користи тамошниот вакцинален пункт, објави МКД.мк.

„Имаме резерви, тоа што беше активно во текот на изминатата година во смисла на дополнителни одделенија, дополнителни кревети, целосно сме подготвени ако има потреба да се сместат пациенти таму. Понатаму модуларните болници, сега се речиси сите во функција, има уште неколку кои што треба да се стават во функција на болниците, со тоа многу болници добија нови болнички капацитети. Десет илјади квадратни метри на нови болнички капацитети се подготвени насекаде во државата“, потенцираше Филиче.

Министерот информираше дека сега и во текот на викендот, заклучно со понеделник или вторник ќе согледаат дали овој раст на пациенти ќе биде тренд и ќе се зголемува и понатам.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE