Сашо Орданоски: Сонот за ЕУ заврши, треба да почнеме да се будиме и отрезниме

Орданоски
Прочитај за: < 1 минута

Новинарот Сашо Орданоски реагира на новиот план на Емануел Макрон за Балканот, со предупредување дека шансата за влез во Унијата за Македонија и другите балкански држави е завршена. Според Орданоски, на Македонија и останува да го спушти нивото на преговорите со Бугарија, да се ориентира кон Мини Шенген соработката со Албанија и Србија и да се сврти кон САД и Британија.

Да бидеме реални, невозможното нема да се случи

Нам ќе ни остане понатамошното прагматично, економско-политичко развивање на односите со непосредните соседи (минус Бугарија) и засилување на билатералните односи со САД, Велика Британија и со неколкуте членки од ЕУ со кои имаме највисоко ниво на економска размена. На тоа ќе се сведе „меѓународната“ компонента од овдешната внатрешна политика, растоварена од огромното губење драгоцено време и политичка енергија на понатамошното одржување на предимензионираните, а суштински празни релации со ЕУ. Поентата е дека има во таквата „принудна“ домашна агенда многу работа и значајни неискористени меѓународни потенцијали. Таа агенда останува проевропска, само што е отрезнување од сонот што го ширеше самата Унија дека во Европа, на пример, Данците, Французите и Македонците можат да бидат „еднакви“ граѓани. Не можат, како и да ја дефинирате таа апстрактна рамка, барем не за сегашниве европски генерации.

SHARE