Home Политика Русјаков: Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел...

Русјаков: Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел до Бихаќка.

13563
0

Гордана Силјановска-Давкова дава заклетва. Пет минути подоцна се вклучуваат сирени за тревога. Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел до Бихаќка. По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија. Небањатите ни ја крадат иднината! ВМРО-ДПМНE ќе го укине идното време во граматиката! Силјановска-Давкова ѝ објави војна на Грција!
Меѓу две запирки, детектирано руско влијание во победничкиот говор на Мицковски! Бродот Нордистан го крена сидрото што го влечеше кон ЕУ, дали кормилото е во рацете на Путин? Ако не се почитува Преспанскиот договор, тогаш ЕУ ќе мора да…

Што ЕУ, бе, што… ЕУ? Почитување? Договор? ЕУ се јави да мрчи дека некој нешто не почитува?

ЕУ која со две раце го срка грчкиот нацизам кон Македонија, а бугарскиот фашизам ни го напика во рамка, ЕУ која се помоча на сите пресуди на Стразбур против Бугарија и како тоалетна хартија ја истретира пресудата, во наша корист, на Меѓународниот суд во Хаг… ЕУ ли ќе зборувате за чест и почит? Па, жими копнехашките критериуми, нема критериум што може да ви ги измери лицемерствата.