Рускоска: Орце Камчев ми веруваше, но договор падна дури откако ги уплати парите

Прочитај за: < 1 минута

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи“, зборуваше за спогодбата што ја склучи со бизнисменот Јордан Орце Камчев во случајот „Империја“, велејќи дека до тоа дошло и со оглед на тоа што тој имал доверба во неа.

Македонија е мала држава, се знаевме од порано и со едните и со другите. Како што јас нив ги познавав, ме познаваа и тие мене и знаеја дека и да има непристојни понуди, јас тоа немаше да го прифатам. Имаа доверба во мене. Еве, да речеме, бизнисменот Јордан Камчев имаше доверба во мене, постигнавме спогодба. Во државниот буџетот уплати 5 милиони 200 илјади евра на име затајување данок и доби една година ефективен затвор. Досега во Македонија тоа не се случило некој да каже ‘да, јас сум крив, колку треба да платам?’. По експертизата што беше направена во евра беше околу 5,2 милиони евра. Човекот уплати и потпишавме спогодба. Но, не потпишавме спогодба пред да легнат парите“.

Русковска во телевизиското гостување зборува и за случајот „Рекет“, велејќи дека и Европа и САД биле изненадени од отворањето на предметот против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, во кој обвинет, а сега и правосилно осуден е и Бојан Јовановски–Боки 13.

„Стануваше збор за чиста злоупотреба на службената положба. Преку неа, нашата, па и ваша естрадна ѕвезда Боки-13, буквално, рекетирал луѓе и им зел огромни суми пари. Таа му зборувала за предметите, против кого кој предмет е …“, ја раскажува Русковска теоријата на обвинителството за случајот „Рекет“, тврдејќи дека и Катица Јанева делела пари со Бојан Јовановски.

SHARE