Русија ја сопира испораката на гас за Бугарија – ќе нема и за Македонија

Прочитај за: < 1 минута

Русија од денеска ја запира испораката на гас за Бугарија. Ова може да биде проблем и за Македонија бидејќи приклучокот од Бугарија е единствениот начин на кој Македонија се снабдува со гас.

„Гаспром целосно ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска  поради отсуство на плаќања во рубли, се вели во соопштението на Гаспром.

Бугарскиот оператор Булгартрансгаз, изјави дека испораките за Бугарија сепак течат, но до кога не се знае. Бугарскиот министер за енергетика сооошти дека Бугарија ќе им помага на соседите со снабдување на гас толку колку што ќе биде во можност.

Бугарија е лојален партнер на сите соседни земји, но Бугарија не е Русија. Кога ќе имаме можност ќе им помогнеме на сите соседни земји. Бидејќи другата страна е Гаспром сите можни механизми и ризици ќе бидат разгледани, изјави бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.