Расчинет српски поп вели дека македонската нација ја создал ѓаволот (ВИДЕО)

Прочитај за: < 1 минута

Расчинетиот српски архимандрит Никодим Богосављевиќ вели дека македонската нација не постои и е создадена од ѓаволот.

Во своето видео-обраќање од изминатата недела тој целосно ја негира самобитноста на македонскиот народ и тврди дека Македонците се Срби или Бугари.

Овој поранешен монах од Ваљевската епархија е духовно чедо на покојниот митрополит Амфилохије и долги години служел и во Црна Гора, пренесува Инфомакс.

SHARE