Рама од седиштето на ЕУ: Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво

Прочитај за: < 1 минута

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво“, изјави Рама, пренесува Топ чанел.

SHARE