Протест на вработените и студентите од институтот за хемија на ПМФ

Прочитај за: < 1 минута

Застарен мебел, застарена опрема за работа, плочки испопаѓани уште од последниот земјотрес- ваква е состојбата во лабораториите каде младите идни хемичари- студенти учат. Институтот по хемија е запоставен.

Професорите и студентите не можат да издржат веќе. Денеска протестираат.

„Беа упатувани барања до надлежните за добивање согласност за вработување ба млади соработници за вложување во подобрување на материјалните услови и поддржка за научноистражувачки дејности, но одговор немаше. ова континуирано влошување на условите за работа и студирање без надеж за подобрувањем дојде до степен кога е доведено во прашање нормалното реализирање на високообразовната и научноистражувачката дејност“, изјави Марина Стефова шеф на кабинет во Институтот за хемија.

Лошите услови ја убиваат надежта, но сепак има заинтересирани хемичари кои сакаат да студираат. Ама не во вакви услови.

„Никој не сака да си замине од државата тука ни е фамилијата, но доколку ништо не се смени ќе мора да си заминеме каде што има подобри услови значи кадарот, е стварно на високо ниво, но ние тоа знаењето не можеме практично да го покажеме било каде, технологијата и науката се во постојан подем“, изјави мирјана Саздовска дипломиран хемиски инжинер.

Инаку, овој институт заборавен од надлежните, се крепи со средства кои ги донира здружението на хемичари.

SHARE