Просечната плата во јуни 25.205 денари

Прочитај за: < 1 минута

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во јуни 2019 година во однос на јуни 2018 година изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11,7 отсто), транспорт и складирање (10,3 отсто) и градежништво (5,4 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (11,3 отсто), рударство и вадење камен (6,1 отсто) и градежништво (2,8 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во јуни 2019 изнесува 25.205 денари.
izvor – makfax.mk

SHARE