Пренџов: Сѐ освен апсење и притвор на овие БИТАНГИ  ќе го сметам за соучешништво на полицијата и подземјето против граѓаните и опозицијата

Прочитај за: < 1 минута

Овие БИТАНГИ попладнево нè нападнаа илијадници луѓе кои протестиравме против преговарачката рамка.  Полиција немаше ниту “за лек”. За ред и поредок да не зборувам, објавува пратеникот Љупчо Пренџов.

„Оливер Спасовски знаеше дека овој простор е дел од рутата на движење на илијадници граѓани и “случајно” остави “празнина” во обезбедувањето.

ОЧЕКУВАМ ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ЧАСОВИ ДА СЛУШНАМ ДАЛИ СЕ ОВИЕ БИТАНГИ УАПСЕНИ И ДАЛИ СИТЕ, АМА СИТЕ ИМААТ ДОБИЕНО МЕРКА ПРИТВОР.

Сѐ освен апсење и притвор на овие БИТАНГИ  ќе го сметам за соучешништво на полицијата и подземјето против граѓаните и опозицијата.“, пишува Пренџов.