По обидот да се цензурира најпознатата подкаст емисија на светот

Прочитај за: 2 минути

Крис Павловски, директорот на бргу растечкиот видео сервис Рамбл, го покани подкастерот Џо Роган да потпише договор вреден 100 милиони долари за четири години. Роган, кој е без конкуренција најпопуларен подкастер во светот, има исклучително богат договор со компанијата Спотифај, но во изминатите месеци се соочува со сериозен притисок од оваа компанија да го смени начинот на кој ги покрива контроверзните теми, пред се вакцинирањето.

Стотина епизоди од шоуто на Џо Роган, кое го следат десетина милиони слушатени, беа тргнати од Спотифај поради ставовите изнесени во нив. Проблемите за Роган почнаа откако сними две емисии, со доктор Роберт Малоун и со доктор Питер Мекколоу. Во овие емисии, лекарите укажаа дека се врши масовна кампања за убедување на јавноста во неопходноста за вакцинирање, дури и во случаи на млади пациенти кога позитивниот ефект на вакцините не е извесен. Роган беше исто така критикуван за промовирање на лекот ивермектин, за кој се смета дека може да помогне во раната фаза на лекување на инфекцијата со корона вирусот.

Под притисок на левичарски организации за проверка на фактите во медиумите, како и на вработените на Спотифај, Роган се извини за некои од неговите изнесени ставови, но сепак компанијата почна да брише емисии од нивната најголема ѕвезда.
Павловски, кој е претприемач со македонско потекло, денес му упати отворена покана на Роган да го напушти Спотифај и да прејде во Рамлб.

Ќе те поддржуваме тебе, твоите гости и армијата слушатели кои сакаат да слушнат вистинска дебата. Затоа, ти нудиме 100 милиони причини да ни помогнеш да го направиме светот подобро место. Дојди на Рамбл, со своите стари и нови епизоди, без никаква цензура, за 100 милиони долари преку четири години, порача Павловски.
Рамбл неодамна почна кампања да презема познати ѕвезди од својот далеку поголем конкурент Јутјуб – комичари и коментатори како Расел Бренд и Стивен Краудер почнаа своите емисии да ги емитуваат на Рамбл откако се соочија со цензура на Јутјуб.