Александар Мачевски е овчарот од село Робово кај Берово, кој ја организирал прославата што ја скандализираше јавноста. На прославата се гледаше како група, која вклучува и ветеринарен инспектор, се веселат околу маса на која е ставено врзано јагне.
Организацијата за заштита на животните Анима Мунди од Скопје оцени дека ова е измачување на животното и побара дисциплинска постапка против инспекторот и сите присутни.
Години и години ја чувам стоката, јас ако не ја „чувам” стоката, нека дојдат тие од Скопје што навредуваат да видат како се чува стока, додава Мачевски
Од 2006 година до ден денеска, јас кога ги продавам јагнињата како традиција организирам прослава. Таа традиција продолжи и во петокот кога ги продадов јагнињата за што ги поканив луѓето кои ми помогнаа да ги товарам јагнињата за продажба. Лично беше поканет како роднина и инспекторот, за да се почестиме што успешно ги продадовме јагнињата. Како дел од традицијата на крајот се свири песната „Изгубено јагне”, татко ми го зема јагнето од шталата го носи врзано на масата, се свири песната, завршува песната и јагнето се враќа во шталата и толку тоа трае адетот 2 минути. И потоа почнаа критики видеото го објави Анима Мунди, презедоа многу портали и имаше многу навреди, вели Мачевски.
Министерот за земјоделие Љупчо Николовски застана на страната на Анима Мунди и најави дисциплинска постапка против инспекторот.
Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува! Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање?, порача организацијата која го прошири видеото во јавноста.