
Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Шпага, почина на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови, објави „Вистина“.
Погребот бил извршен вчера, на 30 мај 2023 година, во попладневните часови во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.
Претходно, Драги „Шпага“ едвај преживеал од корона. Во полусвесна состојба, па во кома дваесет часа, со тешка пневмонија и внатрешно крварење во желудникот од кое изгубил многу крв, шансите да преживее му биле едвај 20%. Матичниот лекар подоцна му рекол дека бил случај за во учебниците… за енциклопедија.
За жал, дали како поседица на короната и тешките диети, на Шпага ќе му откажат бубрезите… Последните години остануваат надвор од нивната функција, па тој ќе стане еден од оние пациенти кои ќе мораат два до три пати во неделата да одат на дијализа.
Според кажувањата на блиските пријатели, токму при една дијализите неодамна на Шпага му се слошило, по што му биле направени итни детални прегледи, по кои за жал било констатирано нешто, за што самиот ниту знаел, ниту чувствувал некакви симптоми – карцином на белите дробови во поодмината фаза со метастази.
Пошироката македонска јавност го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија „Тоа сум јас“, каде беше победник во првата сезона. Регионот го знае и по порнокомедијата „Жена ми Мира пак мастурбира“ во продукција на познат македонски секс-шоп.