Поставена табла со новото име на Владата

влада
Прочитај за: < 1 минута

Владата вечерва ја постави плочата со новото име Република Северна Македонија пред влезот на зградата.

Името „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено на три јазици, на македонски, албански и англиски.

Таблата со новото уставно име е поставена еден ден пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето.