Поранешниот албански министер Бериша: Албанците на пописот во Македонија ќе бидат 55%

Прочитај за: 2 минути

Поранешниот министер за правда и близок соработник на Сали Бериша Спартак Нгјела тврди дека “Се раѓа третата албанска држава на Балканот – во Македонија”.

”Албанците имаат две држави на Балканот, а третата албанска држава штотуку се раѓа – во Македонија. На пописот Албанците веќе стасаа до бројката од 47 проценти од попишаните, а ќе ги има 54 отсто.” – овие тврдења ги изнесе Спартак Нгјела од Република Албанија, адвокат и политички аналитичар на политичките случувања на Балканот, во интервјуто што го даде за косовската телевизија АТВ. Акцентите од неговото интервју ги пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пренесува: “Адвокатот од Албанија Спартак Нгјела вели дека Албанците веќе имаат две држави на Балканот, а оти третата албанска држава штотуку се раѓа – во Македонија. Во интервју за телевизијата АТВ од Приштина тој кажа дека досега попишани ги има 47 проценти Албанци и оти ќе ги има 54 отсто.”

ИНА не објави дали овој аналитичар имал на располагање свои соодветни и релевантни извори на информирање поврзани со пописот, штом веќе навел и тврдења за конкретни бројки колку се, наводно, досега Албанци меѓу попишаните граѓани во Македонија.

Нгјела се осврнал на “алијансата на Албанците со САД”, велејќи во тоа интервју: “Албанците треба да го продлабочат сојузништвото со САД, за да просперираат уште повеќе во регионот.”

Коментирајќи ги состојбите на северот на Косово каде што деновиве владее состојба на висока напнатост и се слуша ѕвечкање на оружјата на обете страни, кај Албанците и Србите, Спартак Нгјела рекол за ТВ АТВ: “Албанците да не се вознемируваат, бидејќи ја имаат Америка” – пренесе ИНА.

SHARE