Политико за Русковска: Моќта и го разорил умот, жената е непресметлива, потсетува на Катица

Прочитај за: < 1 минута

Саше Ивановски смета дека Вилма Русковска почнала неверојатно да личи на Катица Јанева. Според него Русковска станала непресметлива поради големата моќ што ја имала во последните години, па затоа било многу опасно да биде на таква позиција.

„ОЈО самото наоѓа дека Вилма ги прекршила сите процедури за упадот во финансиска полиција.

И што прави Вилма наместо да се извини што лично што јавно? Вреска јавно до амбасадите и ја обвинува владата за хајка?!?! Па добро бе човече, ова е тотално лудило!!!

Моќта да уништуваш човечки животи преку ноќ со само еден прес, да затвораш во зандани да затвораш компании да конфискуваш се што некој стекнал изгледа на долг рок го разорува умот на човека, збудалува, забегува човек од таа невидена моќ!

Секој ден да договараш милиони евра заплена, колку колку да лежи, кој да одговара, тоа боговско одлучување за човечките судбини и ја разорило психата на Вилма Русковска овие неколку години па мисли дека може да гази по луѓе и институции и никој ништо не и може?!?!

Толку многу потсетува на Катица Јанева што е просто неверојатно!

За само една недела и нанесе огромен срам на земјата која е на пат да стане членка на ЕУ и ваквото однесување на шефицата на главното институционално тело за гонење организиран криминал е скандалозно и недозволиво. Таа жена покажа дека е НЕПРЕСМЕТЛИВА а тоа е многу опасно да имаш таков човек на таква позиција каде треба да се мери во милиметри и мили секудни и да се брои до 1000 пред да се повлече потег или да не се повлече потег!“, пишува Политико.