Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот одма да го приведат, па после нека го земаат со авион

Прочитај за: < 1 минута

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров за европратеникот Ангел Џамбаски:

Неговата поддршка во јавноста во Бугарија е нула. Тој ако се појави во државата треба да биде соочен со законите на држава, на ист начин како и секој друг граѓанин на Македонија.

Доколку го прекрши законот, уште на куќичките на Страцин кај што е полицијата, да го пикнат внатре, да го задржат 24 часа, па после нека го земаат со авион назад, рече Петров во вестите на Тв Сител нагласувакќи дека одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев ќе биде организирано спрема највиоските безбедносни стандарди.