Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Прочитај за: < 1 минута

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во Кичево.

Пендаровски ги повика граѓаните заедно, со здружени сили и обединети да го поддржат напредокот, земјава да го искористи позитивниот момент на придвижување напред.

„На нашата земја и е потребен претседател кој ќе ја води државата напред кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот“, истакна Пендаровски. На Македонија, рече тој, и е потребен вистински претседател кој ќе работи исклучиво во интерес на сите граѓани, подготвен сум да водам напред.

„Мојот концепт е за напред, тој на Силјановска за назад. Овие два концепти ќе се судрат и на дуел откако граѓаните ќе се запознаат добро со нашите програми, во соодветен термин“, додаде Пендаровски на крајот од посетата на Кичево.

извор: Makfax