Др.Пановски: Само 8 лица прележани од Ковид 19 починале наспрема 400 кои се вакцинирале

пановски мутации коронавирус
Прочитај за: < 1 минута

Науката го демантираше Министерот за здравство, а денес и микробилогот Д-р Никола Пановски кој на ТВ „Канал 5“ истакна дека далеку повеќе починале вакцинирани граѓани, отколку тие што го прележале опасниот Ковид 19.

„Колку починаа од прележаните – 8. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат 5,5 повеќе пати антитела – околу 400. Разликата е таа. Имунитетот на вакцината трае 6 месеци, но исто и од прележувањето.

Не викам да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат. Но, не може да се ограничуваат прелeжаните. Ниту еден од тие што прелeжале не се заразиле повторно во првите шест месеци. Значи, реткост е“, истакна доктор Пановски.

Дали мерките и рестрикциите кон прележаните од Ковид 19 треба да имаат различен третман со вакцинираните?

SHARE