ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: И активисти и членови на СДСМ не излегоа на гласање, можен е пресврт во вториот круг

Павле Трајанов
Прочитај за: < 1 минута

Внатрешното неединство на СДСМ е една од главните причини за потфрлањето на локалните избори, смета лидеролт на Демократски сојуз Павле Трајанов, чија партија членува во владината коалиција.

Ова тој го изјави за емисијата Утрински Брифинг.

„Анкетите целосно потфрлија со проценките. Но, гласањето е реален одраз на определбата на граѓаните. Причините на потфрлањето на коалицијата и СДСМ мислам дека пред се е резултат на внатрешното неединство во партијата. Се зборуваше дека скопскиот огранок нема да ги поддржи СДСМ. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ знаат да се обединат секогаш кога се гласа. Кај СДСМ поради поширокиот демократски идентитет, потфрлија“, вели Трајанов.

Според него, кога СДСМ сде на власт, тгие се опуштени, а кај ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е така.

„Анализите покажуваат дека активисти и членови на СДСМ не излегоа на гласање. Можен е и пресврт во вториот круг. СДСМ има 23 коалициски партнери кои беа пасивни во првиот круг, сега треба да излезат на гласање и да се обединат. Разликата е мала. Пред вториот круг има кампања која е манипулација, дека ние не бираме локална туку централна власт. Мислам дека Заев може внатре да ги отвори прашањата околу кадровски преомени и предвремени избори, но сега не треба да се зборува за тоа затоа што ги демотивира неговите гласачи. Потегот со најава за оставка на Заев демотивира. Владата е стабилна и има стабилно парламентарно мнозинство и тоа треба да се кажува“, рече Трајанов.

SHARE