ДО КОГА ЌЕ СЕ ЛАЖЕМЕ СЕБЕ СИ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА?!

охрид бугари
Прочитај за: 2 минути

Ова погоре е слика од пречекот на бугарските војски во Охрид, мене ова не ми личи на пречек на окупациска војска туку на ослободителна војска од претходнито србски окупатор кој владеел со терор и со ќотек и со насилие…

Прашајте некој од вашите постари за тој период ќе ви објаснат се. На пример во Кратово се уште е познат случајот со командант Мино, српскиот началник кој бил главен на полицискиот гарнизон во Кратовско, тој бил неверојатен насилник, клептоман, силувач, убиец. Страв и трепет бил командант Мино цели 20-тина години колку што траела српската окупација во Македонија

Затоа кога дошле бугарите биле пречекани со радост со надеж дека ќе бидат подобри газди, администратори од што биле Србитре.

Затоа бил таков пречекот на Бугарите во многу наши градови. И неколку години, народот во Македонија бил многу задоволен од новата власт, првите сериозни партизански одреди се формирале веќе при крај на 1943-та со помош на Србите кои на партизанското движење гледале на начин Вардарска Македонија пак да се откине од Бугарија и да се некако залепи за Србија макар и во вид на некаква федерација Југославија.

Вака сега она што е на терен е многу различно од она што е во Бугарија кое мислам дека исто така не е идеално со реалноста но мислам дека нашето е далеку поодалечено од реалноста и историската вистина, мислам дека на никој нема да му штети ако ги погледнеме фактите реално и си признаеме некои работи колку тие да се болни или срамни или лоши во споредба на романтиската креирана лага за втората светска војна.

Срамота е да ни се смее цел свет ние да си живееме во некој свој историски свет а сите други околу нас да ни се чудат што им е на овие луѓе, сега кога се има на интернет, само треба човек да си отвори малце тоа чакрите.

Тоа не го омаловажува партизанското движење и желбата да бидеме независни и слободни, само ги расчистува само некои факти и вистини, но факт е дека партизани имало и дека се бореле и гинеле и дека се избориле за држава Македонија макар и во Југославија, тоа било темелот за она што се случило 50 години подоцна со осамостојувањето на државата и за прв пат тотално независна и слободна Македонија.

Прости се овие работи не се противречат едни на други, само треба мирно без параноја и заблуда да седнеме и да ги видиме фактите и потоа да пробаме тие нарации да ги некако ставиме во некаква кохезија со нарациите на нашите соседи за да не раѓаат нови омрази и непријателства и тоа е тоа.

Извор: Мактел

SHARE