Оригинална реакција на Апасиев на веста дека Талат Џафери се сретнал со висока делегација од Чеченија

Апасиев Мицкоски
Прочитај за: < 1 минута

Лидерот на Левица Димитар Апасиев се изјасни во врска со минатогодишната посета на чеченска делегација која ја организирал претседателот на Собранието Талат Џафери.

Се работи за Чеченци кои се блиски до режимот на Рамзан Кадиров и до Владимир Путин. Тие заедно со Џафери наводно договориле дури и да се крене споменик на Ахмат Кадиров, таткото на Рамзан Кадиров во Тетово.

И покрај ова, Џафери го напаѓаше Апасиев за неговата одлука да се сретне со рускиот амбасадор во Македонија Баздникин во просториите во Собранието. Сега се покажа дека Џафери се среќавал со луѓе директно поврзани со власта на Путин.

“Апасиев со Русите, Талат со Чеченците”
#ИШтаЧемоСад, реагираше Апасиев.

SHARE