Оливер Спасовски е најголем виновник за состојбата во која во моментов се наоѓа СДСМ – Максим Димитриевски

Прочитај за: < 1 минута

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека нема никаков контакт со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

СУМ НЕМАЛ КОНТАКТ ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ЗАТОА ШТО СМЕТАМ ТОЈ Е НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК ЗА СОСТОЈБАТА ВО КОЈА СЕ НОАЃА СДСМ ВО МОМЕНТОВ, ВЕЛИ ДИМИТРИЕВСКИ.

Во однос на изборот на Ковачевски за нов лидер на СДСМ, Димитриевски смета дека секој човек кој ќе дојде на позиција треба да добие најмлаку 100 дена за да докаже што знае.

НАЈГОЛЕМОТО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ САКААТ ДА НАПРАВАТ СУШТИНСКИ РЕФОРМИ, ДОДАДЕ ДИМИТРИЕВСКИ.

Градоначалникот на Куманово, вели дека е подготвен во секој момент да разговара доколку некој од раководство даде поддршка на ставовите кои ги имал.

Извор: Телма

SHARE