Огнената обожавателка на екс министерот открива со какви проблеми се соочила

Прочитај за: < 1 минута

Порталот „Репортер“ објави разговор со Лидија Гиновска, попозната како Лиде Лиде, најголемата обожавателка на министерот за здравство Венко Филипче. Лиде открива дека останала без работа во фирмата за обезбедување во која работела, поради нејзините јавни настапи. Еден од шефовите почнал да и забранува да биде јавно активна во поддршка на министерот.

Еден од нив ми рече, јас ќе се погрижам да не останеш овде. И по некое време, поради притисоците, си дадов отказ, вели Гиновска.

Лиде Лиде стана позната по честите јавни пофалби на Филипче, и упорните повици за кафе средба со него. Во интервјуто за „Репортер“ таа вели дека се уште чека Филипче ја да „удостои“ со долго бараното кафе.

Треба да го исполни ветувањето што го даде јавно. Јас, дури и да сум на смртна постела, пак ќе сакам кафе да пиеме, вели Лиде Лиде.