Ниту го намалила увозот, ниту ја заштитија средината – зголемената акциза на дизелот служи само за полнење на буџетот

Прочитај за: < 1 минута

Зголемување на акцизата за нафта за три денари е предвидено со предлог буџетот за 2018 година, за кој што во тек е јавна расправа во Министерство за финансии. Министерот за финансии Драган Тевдовски во 2017 година најави зголемување на акцизата на нафтата, поточно на дизелот, согласно препораките на Европската Унија, за да се дестимулирала употребата на дизел горивата за да се намали загaдувањето на животната средина.

Тевдовски објаснувајќи ја одлуката соопшти дека со зголемувањето на акцизата за нафта ќе се зголеми приходот во буџетот за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ од продажба на дизелот приходот ќе се зголеми за 350 милиони денари.

„Овие средства ќе се искористат за инвестиции во патиштата преку Јавното претпријатие за државни патишта”, рече Тевдовски.

Според податоците на царинската управа, во првата половина на минатата година увозот на половни возила од странство е зголемен за повеќе од двојно(!), односно внесени се 20.505 возила, од кој најголем дел се дизел.

Оттука, нема дилема дека целта – дестимулирање на употребата на дизел горивата е тотално промашена.

Прашањето е во кои патишта ги инвестираа милијардите собрани од акцизите?